Колку „тежи“ еден од најкрупните македонски бизнисмени и што се поседува?
Светскиот магазин Форбс повторно го стави на својата листа прв најбогат Македонец Јордан Камчев.
Според годинешнава листа на магазинот Јордан Камчев поседува 238 милиони долари вредно богатство.
Камчев преку Орка Холдинг поседува хотели, градежни компании, млекарници, мелници, земјоделски комбинати, текстилни фабрики, ресторани, болници. Некои од овие компании добиваат тендери вредни десетици и десетици милиони евра. А во многу од овие компании тој често настапува заедно со мистериозна офшор компанија од Лугано, Швајцарија.
Богаташот често пати досега има кажано дека во бизнисот успеал сам без помош од ВМРО-ДПМНЕ.
„Немам земено ништо од ВМРО ДПМНЕ“. Ова во една емисија на 24 вести го изјави еден од најкрупните бизнисмени на денешницата Орце Камчев.
Камчев вели дека сите компании што се во негова сопственост ги направил со парите од продажбата на Систина. Акциите во компаниите ги купувал на берза.
„Тие работат успешно, и пред мене е предизвик тие понатаму да се развиваат. Се што како профит ќе дојде, го реинвестирам“, вели Камчев. Камчев на 24 вести зборува и за другарството со првиот човек на УБК, Сашо Мијалков.
„Со Мијалков сме другари 20 години, уште пред да биде на функцијата која што е сега“ – вели во едно издание од 2014 година на „Патот до успехот“ бизнисменот Јордан Камчев. Камчев вели и дека не е член на било која партија, и дека нема намера да стане, иако не негира дека во минатото бил активно вклучен во работата на СДСМ.
