Колку тежи Слим?
Карлос Слим е најбогатиот човек на Земјата, иако понекогаш во богатството се натпреварува со Бил Гејтс. Овој 74 годишен милијардер, на своето конто има 72 милијарди долари.
Најбогат човек во светот има фирми во телекомуникациите (Америка Movil- најголемиот мобилен оператор во Америка), банкарство (Grupo Financiero Inbursa) и рударството (Minera Frisco), како и Филип Морис, Њујорк тајмс, Сакс и Caixabank. Преку холдинг-компанијата на неговото семејство, Групо Карсо, Слим исто така има големо присуство во мексиканската градежната индустрија.
Од 2010 година до 2013 Слим беше прв на листата најбогати, а во моментов листата ја предводи Бил Гејтс.
Слим кон крајот на април стана доминантен сопственик во Телеком Австрија, фирмата која го поседува и македонскиот оператор ВИП. „Америка Мовил“ на Слим преку фирма-ќерка Карсо Телеком БВ со седиште во Амстердам, Холандија по маратонски преговори со австриската влада успеа да постигне договор со кој мексиканскиот бизнисмен сака да направи пробив на пазарот во Европа.
Сепак, Слим иако беше во Македонија на покана на Владата, директно во земјава тој се уште не инвестирал.
Слично
