Колку „тежат“ странските инвестиции во првите четири месеци годинава?
Странските директни инвестиции изнесуваат 96,76 милиони евра во првите четири месеци од 2016 година.
Во споредба со истиот период лани, кога изнесувале 98,44 милиони евра, има намалување за околу 2 милиони евра.
Најмал интерес за Македонија странските компании покажале во јануари кога се вложени само 490.000 евра. Во февруари се евидентирани 34 милиони инвестиции, а во март 27 милиони.
Во април во земјава се инвестирани 34 милиони евра, речиси исто колку и истиот месец лани.
Политичката криза која подолго време трае, може да се одрази и со намалување на странските инвестиции во земјава, предупредуваат надлежните.
Бројките говорат дека лани во земјава влегле 157 милиони евра, во 2014-та година вкупно биле инвестирани 205 милиони, а во 2013-тата година 252 милиони. Тоа е половина помалку од 2007 година кога странскиот капитал изнесувал 506 милиони.
Слично
