Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку странски туристи ја посетиле Македонија во мај?

Колку странски туристи ја посетиле Македонија во мај?

Во мај годинава Македонија  ја посетиле над 60.000 странски туристи.

Меѓу нив 22.793 биле од Турција, 4.092 од Србија и 3.589 од Бугарија и тие се најбројни.

Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека бројот на странските туристи во мај бележи раст од 5,1%.

Вкупниот број туристи изнесува 86.234 во мај годинава и тие оствариле 172.355 ноќевања. Најпосетени места во земјава биле Скопје и езерските места.

Во периодот јануари-мај 2016 година, во однос на тој период лани бројот на туристите е зголемен за 11,1 %  и тоа кај домашните туристи има зголемување за 12,5 %, а кај  странските за 10,4%.

Во периодот јануари-мај 2016 година, во однос на тој период од минатата година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12,2% и тоа кај домашните туристи има зголемување за 19,1%, а кај странските има зголемување за 8%.

Слично

Поврзани вести