Колку странци ја посетија Турција за девет месеци?
Турција имала за 32% помалку странци во првите девет месеци од годинава.
Бројот на германските и британските туристи е намален за 36% во септември.
Бројот на странските туристи во Турција е намален за 31,9% до 20,2 милиони луѓе во првите девет месеци од оваа година во однос на истиот период претходната година, објави весникот „Хуриет дејли њуз", повикувајќи се на податоци на Министерството на туризмот.
Бројот на странските туристи во Турција забележал пад од 32,84% во септември до 2,86 милиони луѓе.
Септември беше 14-ти месец по ред со пад во бројот на странските туристи во Турција како резултат на неколку терористички напади.
Туристите од Русија се намалени за 60% во септември и биле 7,3% од вкупниот број на странските туристи во однос на 12,4% во истиот месец минатата година.
