Колку станови се завршени лани?
Во текот на 2015 година се градени вкупно 2 022 објекти и завршени се вкупно 2 473 станови со вкупна површина од 261 771 м2.
Од нив 155 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 12 524 м2. Овие информации денеска ги објави Државниот завод за статистика. Според овие податоци, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 9 167 540 илјади денари. Просечната корисна површина на завршените станови е 105.9 м2.
По региони, најмногу се градело во Скопскиот регион, потоа во Полошкиот и во Југозападниот регион.
Слично
