Колку станови биле предвидени за градба во март?
Во март 2017 година се издадени 384 одобренија за градење што е за 95.9 повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 929 станови со вкупна корисна површина од 75 886 м2.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 995 016 илјади денари што е за 139.1% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 232 (60.4%) се наменети за објекти од високоградба, 63 (16.4%) за објекти од нискоградба и 89 (23.2%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 384 објекти, на 245 (63.8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 139 (36.2%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
По региони, во вардарски се издадени 18 одобренија, во источен 59, југозападен 53, југоисточен 16, пелагониски 30, полошки 71, североисточен 14, и скопски 123.
