Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koлку села без ниту еден жител има во Бугарија?

Koлку села без ниту еден жител има во Бугарија?

Kaj источниот сосед има 167 села без ниту еден жител. Податоците се за крајот на 2021 година. Селата без население или со едноцифрен број на жители се за 15 повеќе од претходната 2020 година,  јави БТА, повикувајќи се на податоци од Националниот регистар на населени места на Националниот статистички институт. 

Вкупниот број на населени места во кои живеат еден до максимум девет лица е 425. Селата без население се зголемени за три во споредба со 2020 година. Во Габровскиот регион има најголем број напуштени села или села со едноцифрена бројка на жители – вкупно 163 или 3 повеќе во однос на претходната година. Во овој регион има вкупно 349 населени места, така што речиси половина од нив се или ненаселени или имаат помалку од 10 жители. Повеќето села имаат од 101 до 200 жители.

Но, дури 2.561 село, се поголеми од најмалиот град во Бугарија – Мелник, во кој на крајот на минатата година имало само 171 лице. Многу празни села има и во другите земји од регионот. Повеќето држави во опкружувањето имаат проблем со демографијата. 

Новиот попис покажа дека во Македонија 207 населени места се без ниту еден жител.

Слично

Поврзани вести