Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку се збогатија милијардерите во 2014 година!?

Колку се збогатија милијардерите во 2014 година!?
Најбогатите луѓе во светот станаа уште побогати во 2014 година, додавајќи 92 милијарди долари кон општото богатство како резултат на падот на цените на нафтата и геополитичката нестабилност. Нето богатството на 400-те најдобри помеѓу богатите милијардери на 29-ти Декември 2014 година изнесува 4,1 трилиони долари според Bloomberg Billionaires Index. Најголем придонес кон оваа сума има Џек Ма, основачот на најголемата кинеска компанија за онлајн трговија Alibaba Group Holding. Ма е поранешен наставник по англиски јазик, кој ја почна својата компанија во својот стан во 1999 година. Во оваа година, тој додаде 25,1 милијарди долари кон својата сметка, благодарение на поскапувањето на акциите на Alibaba со 56% од септември, кога компанијата се појави на берзата во Њујорк. 50-годишниот Ма располага со богатство во износ од 28,7 милијарди долари, благодарение на што го надмина Ли Кашин, претворајќи се во најбогатиот човек во Азија. Двајца од другите големи профитабилни оваа година се Ворен Бафет и Марк Цукерберг. Бафет додаде 13,7 милијарди долари кон нето богатството, откако акциите на неговата компанија скокнаа за 28%. Бафет го престигна мексиканскиот милијардер Карлос Слим и на 5 декември стана вториот најбогат човек во светот. Коосновачот на Microsoft, Бил Гејтс додаде 9,1 милијарди долари кон статусот во 2014 година. Тој останува најбогат човек на Земјата со своите 87,6 милијарди долари. Главниот извршен директор на Facebook, Марк Цукерберг има собрано 10,6 милијарди долари оваа година. Во 2014 година социјалната мрежа забележува успеси во сферата на мобилните услуги, радувајќи се на напредокот на мобилно рекламирање и маркетинг иницијативи поврзани со апликации и видео. Стекнувањето на Instagram во 2012 година, пак, сега се исплати великодушно. Според аналитичарот на Citigpoup апликацијата за споделување на фотографии достигна вредност од 35 милијарди долари. Потсетуваме дека Facebook го стекна за 1 милијарда долари. К.К.
Слично

Поврзани вести