Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку се промовираат домашните компании на социјалните мрежи?

Колку се промовираат домашните компании на социјалните мрежи?

Половина од домашните компании ги користат социјалните мрежи како место за промовирање.

Најмногу користен е Фејсбук, а потоа следуваат LinkedIn, Twitter, Present.  ly, YouTube, Flickr, Picassa, Wiki-алатки .

Податоците покажаа дека широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 93.5% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.

Според Државен завод за статистика пристап на интернет преку пренослив уред, употребувајќи мобилна телефонска мрежа (3G/4G) имале 59.1% од  деловните субјекти. Ваков тип на мобилна поврзаност на интернет (преку преносливи уреди: notebook, laptop,  smartphone, PDA phone итн.), за деловна намена, користеле 11.4% од вработените во деловните субјекти.

Околу 52% од деловните субјекти имале веб-страница или почетна страница, од нив, 79% на веб-страницата имале обезбедено опис на производите/услугите, ценовници, 40.2% имале наведено линкови/референци до нивните профили на социјалните медиуми, а 16.4% обезбедиле онлајн нарачување, резервирање.

17.7% од деловните субјекти имале ERP- софтверски пакет за електронска и автоматска размена на информации во рамките на деловниот субјект, а 21.6% употребувале софтверска апликација за управување или анализа на информациите за клиентите, т.н. CRM. Во текот на 2014 година, 7.7% од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени, имале е-трговија, односно  купувале или продавале стоки или услуги преку компјутерски мрежи (преку веб или EDI), е-продажба реализирале 3.6%, а е-купувања имале 5.9% од деловните субјекти

Слично

Поврзани вести