КОЛКУ СЕ ПЕЧАТИ ВО СОБРАНИЕТО: Потрошени над 3 милиони денари на тонери и кертриџи
Не еден тендер поделен на седум дела, четири компании ќе си поделат над 3 милиони денари или 52 илјади евра за тонери и кертриџи за потребите на Собранието.
Тендерот во делови бил потпишуван од 26 август до трети септември, а три од седумте набавки отидоа кај „Дигитрон Петре“ од Скопје. Два доби фирмата „Окса Солушнс“ од Бразда, Чучер Сандево и по еден скопските фирми „Доајен Дата Систем“ и „Импегна“.
Најголемиот дел од колачот заминува кај „Окса Солушнс“ - 1.439.600 денари. Кај „Дигитрон Петре“, според потпишаните договори, ќе се прелеат 865.680 денари, а фирмата „Доајен Дата Систем“ го зема тендерот тежок 718.856 денари. Најмал дел од парите заминуваат кај „Импегна“ - 184.080 денари.
Овие суми, Собранието предвидува да ги истроши во наредните две години или до исполнување на количините предвидени во тендерската постапка.
Вкупната сумата е значително пониска од тоа што лани Собранието го потрошило за тонери и кертриџи - милион и седумстотини илјади денари, но е нешто пониска од 2023 година, кога биле потрошени 3 и пол милиони денари.
А.Т.
