Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку Руси добиле почесни државјанства во Црна Гора?

Колку Руси добиле почесни државјанства во Црна Гора?

Луѓето со руско потекло добиваат црногорски државјанства. 

Владата на Црна Гора од 1 јануари до 15 февруари додели уште 43 таканаречени почесни државјанстви. Информацијата денеска ја објави Црногорскиот центар за граѓанско образование (ЦГО).

И во овој циклус на доделување најголем број од државјанствата, односно речиси две третини, ги добиле лица со руско потекло, пренесе подгоричкиот весник  „Вијести“.

„Освен во случајот со три државјанства, за кои како причина за прием е наведен некој друг интерес, сите државјанства се даваат врз основа на економски или стопански интерес на државата, со повикување на Програмата за економско државјанство на Владата на Црна Гора“, стои во соопштението на ЦГО.

Весникот пишува дека за 14,5 месеци црногорската Влада доделила вкупно 317 почесни државјанства, односно скоро половината од сите такви државјанства што биле доделени во изминатите 14 години. Многу земји доделуваат државјанства на странци кои инвестираат кај нив, а со тоа и помагаат за отворање на работни места. Европската комисија подготвува нов пакет санкции против Русија и Белорусија поради војната во Украина. 

Foto: Shutterstock

Слично

Поврзани вести