Колку работни места отвори Канада во септември?
Канада во септември отвори 67.000 работни места, највеќе во последниве четири години, но стапката на невработеност остана иста 7%.
Се работи за работни места со скратено работно време. Економистите предвидуваа дека ќе бидат отворени само 7.500 работни места, пишува Франс прес.
Највеќе работни места се отворени во Квебек, Алберта и Њу Брунсвик.
Најголем дел од вработените се на возраст од 55 години и повеќе.
Тие се ангажирани во секторите транспорт, складирање, и образовни услуги.
Во секторот здравство и социјална помош има пад на вработеноста.
Сепак, новите работни места не ја намалија невработеноста затоа што има многу други луѓе кои се придружиле на пазарот на труд да бараат работа.
Слично
