Колку работни места ќе донесат новите фабрики во индустриските зони?
Штип, Прилеп, Гостивар, Охрид и Струга се градовите во кои во моментов никнуваат фабрики на странски инвеститори.
Бројката на вработени кои треба да почнат со работа во овие фабрики е над 5 илјади работни места според информациите на Владата.
Во ТИРЗ Штип до април треба да финишира изградбата на фабриката на италијанската компанија Кондево. Таа произведува топлотни разменувачи за бојлери и е добавувач на светски познатите производители на бојлери. Според најавите во оваа фабрика ќе се отворат минимум 250 нови вработувања.
150 вработувања во Акомпласт налето и 2000 директни работни места ќе отвори Американски Гентерм во технолошко индустрирската зона во Прилеп.
Во Акомпласт ќе се произведуваат делови за автомобили по најсовремена технологија кои ќе бидат наменети за европскиот пазар и големите автомобилски брендови како што се БМВ, Дајмлер, Ауди, Фолксваген, Мерцедес, Бентли и Јагуар, додека пак во фабриката на Гентерм ќе се произведува најсовремени компоненти за потребите на глобалните компании од автомобилската индустрија, како Ферари, Бентли, Рено, Порше.
ОДВ електрик кои произведуваат електрични инсталации за автомобили, како Порше, VW, Мерцедес, BМW и други ќе завршат со изградбата на фабриката во Охрид и Струга до средина на годинава. Засега не е наведено колкав број на работни места ќе се отворат во овие два града.
Нови стотици работни места се очекуваат и од белгиски Ван Хул. Оваа компанија пред три дена потпиша договор и најави инвестиција над 15 милиони евра. Ќе се произведуваат автобус за извоз на американскиот пазар, но и во Европа.
Фабриката на американски Леар во Тетово се очеува да отвори нови 2000 работни места. Оваа фабтка ќе произведува автомобилски навлаки за седишта.
Што ги привлекува странските инвеститори?
„Евтината работна сила е адутот на Владата за привлекувањето на странски директни инвестиции. Самата Влада ја промовира нашата земја како земја со евтина и квалификувана работна сила која зборува странски јазици“, соопштија лани од невладината Македонски центар за европско образование во истажувањето за ТИРЗ.
Какви поволности добиваат компаниите во слободните зони во Македонија
Поволностите кои се нудат во Македонија за привлекување на странски инвеститори се едни од најповолните во Европа и во регионот и вклучуваат:
- 10 години даночни ослободувања – Инвеститорите во ТИРЗ се ослободени за период од 10 години од плаќање на данок на добивка и 100% се ослободени од персонален данок на доход за период од 10 години, така што ефективната стапка на персоналниот данок на доход изнесува 0%.
- Земјиштето во ТИРЗ во Република Македонија се дава под долгорочен закуп за период до 99 години.
- Инвеститорите се ослободени од плаќање на надомест за уредување на градежното земјиште кон единиците на локалната самоуправа, како и од надоместоци за добивање на градежни дозволи.
- Бесплатен приклучок за гасовод, водоводна и канализациона мрежа.
- Владата на Република Македонија учествува во трошоците за градба на корисниците во ТИРЗ во висина до 500.000 евра, во зависност од бројот на нови вработувања и висината на инвестицијата на корисникот.
- Царински зелен канал за стоките
