Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку половни возила се увезени годинава?

Колку половни возила се увезени годинава?

Од јануари до октомври во Македонија се увезени 22.213 употребувани возила, што е повеќе од минатата година. 

Во првите десет месеци лани се увезени 18.244 употребувани возила, покажуваат податоците на Царинската управа на Република Македонија. 

Бројот на увезени половни автомобили е зголемен за 3.969 возила или 21,7%. 

Само во октомври според статистиката во земјава се увезени 1.745  возила, што пак на месечно ниво споредено со октомври лани кога биле увезени 2.300 употребувани возила има намалување за 555 половни автомобили. 

Годинава најмногу увезени половни автомобили се внесени во јуни и тоа 3998, а во мај имало 3177. 

Најмалку се увезени во јули и тоа 1070 половни автомобили. 

Бројот на увезени половни автобуси, минибуси и камиони е значително помал. 



Слично

Поврзани вести