Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЛКУ ПЛАТИЈА ЗА ПРИСТАНИШТЕТО: Грчки Пиреј официјално во рацете на Кинезите

КОЛКУ ПЛАТИЈА ЗА ПРИСТАНИШТЕТО: Грчки Пиреј официјално во рацете на Кинезите

Грчкиот парламент ја одобри продажбата на мнозинскиот дел во пристаништето Пиреј на кинеската компанија Коско, во пресрет на посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас во Пекинг.

Од 248 присутни пратеници, 223 од нив гласале за продажбата, која на кинеската компанија ќе и овозможи до 2052 година да управува со пристаништето Пиреј.

Грчката агенција за приватизација во јануари соопшти дека ја прифатила понудата на компанијата Коско во износ од 368,5 милиони евра за преземање на 67-процентен уде во пристаништето Пиреј.

Кинескиот Коско бил единствен понудувач за преземање на тој удел во пристаништето, кое е едно од најголемите во Грција и најпрометно во Европа.

Грчкиот премиер Ципрас денес отпатува во шестдневна посета на Кина.

Слично

Поврзани вести