Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку плата ќе земаат новите бугарски пратеници?

Колку плата ќе земаат новите бугарски пратеници?
Бугарските пратеници кои добија мандат на вчерашните вонредни парламентарни избори во земјата месечно ќе добиваат плата од најмалку 4.430 лева (нешто повеќе од 2.200 евра). Како што објави бугарскиот весник „Труд“, во таа сума влегува основната плата, која за бугарските пратеници изнесува  2.658 лева (или три пати повеќе од средната плата на вработените во јавниот сектор во вториот квартал од годинава). Но, исто така, според бугарскиот закон, пратениците имаат право на речиси уште толку, во рамките на определен буџет за кого не полагаат посебна сметка, а тие пари им се наменети за соработници, кафе, но и за облека и цвеќиња. Пратеничките места во новиот бугарски Парламент ќе ги поделат осум партии, од кои најмногу мандати освои ГЕРБ на Бојко Борисов, покажаа првичните резултати.  
Слично

Поврзани вести