Колку плаќаат бродовите за поминување низ Ормутскиот теснец?
Бродовите плаќаат од 1,5 до два милиони долари за минување низ Ормутскиот теснец.
„Бродовите моментално плаќаат просечно од 1,5 до два милиона долари такса за да минуваат низ Ормуската Теснина“, изјави членот на Комитетот за планирање и буџет на иранскиот парламент, Мохсен Занганех, пренесе иранската агенција Фарс.
Потпретседателот на иранскиот парламент, Али Никзад, во мај објави нацрт-план во 12 точки за управување со Ормуската Теснина, потсетува Фарс. Исто така, беше основана нова државна агенција чија задача е да го спроведе планот за управување во соработка со Министерството за економија и под надзор на Врховниот совет за национална безбедност, забележува иранската агенција.
Приходите од наплатата на таксите се уплаќаат во државната каса, во согласност со буџетските закони, и се трошат за „специфични“ цели, пренесува Фарс.
Економскиот експерт Мансур Заранеџад процени за Фарс дека наплатата на транзитни такси треба годишно на Иран да му донесува максимум 7,5 милијарди долари.
Вистинската важност на овој воден пат е неговата стратешка позиција и влијанието на можните нарушувања во мореузот врз енергетскиот пазар, синџирите на снабдување и светската економија, нагласи економистот, и токму затоа Ормуз, според него, е важен адут на Техеран во преговорите.
Агенцијата за управување со теснината (PGSA) започна со работа на почетокот на мај и досега доби барања од повеќе од 300 странски бродови за дозволи за безбеден транзит, пренесе Фарс минатата недела цитирајќи соопштение на PGSA.
foto printskrin youtube
