Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koлку плаќаат богатите за евакуација од Блискиот Исток?

Koлку плаќаат богатите за евакуација од Блискиот Исток?

Елитни поединци и високи раководители на глобални компании издвојуваат и до 290.000 евра за приватни летови и специјални теренски конвои за да го напуштат Блискиот Исток, поради влошената безбедносна состојба во регионот.

Според пишувањето на Дејли Мејл, приватни безбедносни компании во моментов резервираат флоти од теренски возила за евакуација на странци од Дубаи до Ријад, од каде тие продолжуваат со приватни авиони кон Европа.

Цените на чартер-летовите нагло скокнале, приватен лет од Ријад до европски дестинации достигнува и до 350.000 долари. Саудиска Арабија во моментов се наметнува како главна излезна точка од регионот, бидејќи аеродромот во главниот град е меѓу ретките што сè уште функционираат.

Меѓу оние што брзаат да заминат има богати поединци, бизнис-лидери и менаџери на глобални финансиски компании. Дел од нив се нашле во регионот на одмор или службено патување кога започнала ескалацијата.

Ситуацијата дополнително се влоши откако иранските напади погодија повеќе држави во Персискиот Залив, вклучувајќи ги Обединети Арапски Емирати, Катар и Бахреин, кои досега важеа за релативно безбедни.

Слично

Поврзани вести