Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку пиво испиле Европејците минатата година?

Колку пиво испиле Европејците минатата година?

Најмногу пиво e испиено во Германија над 86.0000 хектолитри. 

Потоа следат Велика Британија со 43 762 хектолитри и Полска  со 37 706 хектолитри.

Ова го покажува последниот извештај на организацијата Brewers of Europe.

Ако ја погледнеме потрошувачката по глава на жител, сепак податоците се малку поразлични. Според овој показател Чешка, која е  на 8-мо место по вкупна потрошувачка, ја предводи листата со 143 литри испиено пиво по глава на жител. На второ место е Германија со 106 литри, а на трето е Австрија со 105 литри.

Најмалку пиво пијат Италијанците  и тоа 31 литри по глава на жител, Франција исто 31 литри и Грција 35 литри. 

Во моментов има над 6 500 активни компании за пиво во ЕУ, кои вкупно имаат произведено речиси 400.000 хектолитри пиво. Нивниот број е двојно поголем од оној во 2008 година, а во 2015 година тие се со 650 повеќе во однос на претходната година.


Слично

Поврзани вести