Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку пензионери земаат повисока пензија од претседателската?

Колку пензионери земаат повисока пензија од претседателската?

Само 0,02 отсто од сите пензионери ја уживаат највисоката државна пензија која изнесува колку две просечни плати (според податоците на ДЗС изнесува 29.130 денари за ноември 2021г.). Оваа привилегија ја уживаат вкупно 63 осигуреници, а си ја трошат 58 пензионери кои станале пензионери во 2021 година! Пензијата изнесува 943 евра (по средниот курс на централната банка). Статистиката на Фондот за ПИОМ покажува дека најбројни се пензионерите што земаат до 11.000 денари пензија, а ги има повеќе од 89.000

Фондот за пензиско осигурување сервисира над 328.000 пензинери заклучно со декември 2021 година, покажуваат официјалните достапни податоци на ПИОМ достапни на следниот линк http://www.piom.com.mk/statistika/statistika-2021-2/

Според класификацијата на Фондот за ПИОМ во нивната премиум класа на пензионери има вкупно 1.340 пензионери кои земаат пензија во распон од 659 евра до 943 евра. Најмали пензии во пензионерската премиум класа имаат 37 лица кои се стекнале со право на пензија заклучно од почетокот на 1997 година. Еден ден пред нив (на 31 декември 1996 година со пензија од 708 евра се стекнале 37 лица.

Втори според големината на пензијата се 78 пензионери кои правото го оствариле во 2020 година. На нив државниот фонд за ПИОМ секој месец им исплатува 894 евра во денарска противредност по средниот курс на Народната банка. Од нив со 14 евра пониска пензија добиваат 53 пензионери кои со тоа право се стекнале во 2019 година. Во премиум класата најбројна група се пензионерите кои се пензионирале од 2002 година до крајот на 2015 година. Нив ги фаќа ист законски параграф согласно кој пензијата изнесува 687 евра и ја добиваат 880 пензионери.  

Повеќе детали за структурата на исплати на пензии може да се најдат на веб страницата на државниот Фонд за ПИОМ. А подолу е членот од Законот за пензиско и инвалидско осигурување кој ја утврдува горната граница за исплатена пензија.

Член 230

(1) За осигурениците кои не пристапиле во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, највисоката пензија не може да изнесува повеќе од 80% до 2015 година, а по 2015 година не повеќе од процентите утврдени во член 52 став (1) на овој закон од 80% од просечната нето плата остварена во Републиката во претходната година зголемена за 2,7 пати.

(2) Определената највисока пензија од ставот (1) на овој член повторно не се определува и понатаму се усогласува со процентот со кој се усогласуваат и другите пензии.

Еве го и законскиот основ по кој секој што плаќа придонеси може да стекне старосна пензија:

Член 18

(1) Осигуреникот стекнува право на старосна пензија кога ќе наполни 64 години живот (маж), односно 62 години живот (жена) и најмалку 15 години пензиски стаж.

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести