Колку патници се превезени во второто тромесечје?
Граѓаните во Македонија најчесто се возат со градски и приградски превоз.
Во второто тримесечје од 2016 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1 840 000.
Во железничкиот превоз бројот е 170 000, во градско-приградскиот превоз 20 633 000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 462 878.
Ова се гледа од податоците на Државниот завод за статистика.
Во однос на првото тримесечје од 2016 година, бројот на превезените патници во патничкиот превоз е зголемен за 8.4%, во градско-приградскиот превоз за 7.9%, во железничкиот превоз за 2.4%, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 34,7%.
Слично
