ЉУБОВЕН ХОРОСКОП: Колку пати се вљубува секој знак?
Според астролозите, најубавото чувство на светот - љубовта, зависи и од хороскопскиот знак. Секоја знак се вљубува одреден број пати и сака на различен начин. Затоа, сега ќе ви ја откриеме мистеријата околу вашата вистинска љубов, под услов да ни кажете кој хороскопски знак сте.
Овен - се вљубува три пати
Луѓето родени под знакот на Овен, не се особени запалени љубовчии. Тие покажуваат скептицизам кон оваа тема, поради што и нивната улога во љубовта е само од љубопитност. Инаку, вториот и третиот пат љубовта е силна, вистинска и трескавична!
Бик - се вљубува само еднаш
Овие личности се исклучително посветени на човекот во кого се заљубат. Кај нив максимата „љубовта на животот“ важи со полна силна. Можат да бидат со избраната половина до самиот крај. Ако сепак ги повредат, повеќе никогаш не сакаат на ист начин.
Близнаци - се вљубуваат вистински три пати
Близнаците се вистински баратели на љубовта. Кај нив љубовта се појавува цели три пати, а кај секој еден пат тие сметаат дека тоа е најсоодветната личност за нив.
