Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку пари заработија најголемите банки во државата?

Колку пари заработија најголемите банки во државата?

Имаат дебели профити ама кајмакот е кај големите. 

Домашните банки годинава за девет месеци заработиле 94 милиони евра – сепак дури 91,7 милиони евра се пари кои како добивка ги прокнижиле големите банки во државата. Иако станува збор за високи профити, банкарските заработки од јануари до септември се пониски од тие лани кога беше постигнат своевиден рекорд во профитите. Имено лани за девет месеци банкарите си заработија добивки вредни дури 124 милиони евра, што беше за 20 милиони евра поголема добивка од истиот период во 2017 година.

За цела 2018 година банкарските профити изнесуваа 136 милиони евра, годинава судејќи по оствареното во трите квартали добивката можно е да биде помала, но секако над 100 милиони евра.

Големата петорка годинава заработила близу 92 милиони евра, лани имаше над 100 милиони евра за девет месеци. Според податоците средните банки во овој период имаат профит од 602 илјади евра додека, малите банки заработиле 1,8 милиони евра.

Најголема прокнижена добивка има Стопанска банка чиј профит гоиднава изнесува 28,1 милион евра. Добивката на НЛБ банка во тој период е 23,7 милиони евра додека Комерцијална банка има добивка од 21 милион евра.

Во периодот до кога има податоци, односно до септември банките имаат вкупни приходи од камати вредни 235 милиони евра додека од провизии и надоместоци наплатиле 90 милиони евра.  

А.Т.

Слично

Поврзани вести