Колку пари трошат туристите во Турција?
Во првите три месеци од годината, „просечната потрошувачка по ноќ од посетителите“ во Турција изнесувала 102 американски долари, што претставува зголемување од 2,8 oтсто, во однос на 2025, кога изнесувала 99 американски долари.
Туризмот во Турција донесе 10 милијарди долари во првиот квартал од 2026 година.
Земјата во првиот квартал ја посетиле 9,2 милиони туристи, а од туризмот се остварени приходи во висина од 9,896 милијарди американски долари, што е за 4,2 отсто повеќе во однос на истиот период од минатата година. Овие резултати се остварени во услови на комплексни геополитички случувања, кои имаат негативно влијание на туристичкиот сектор.
„Минатата година се соочивме со слични глобални случувања и регионални неизвесности. И покрај тоа, ја завршивме 2025 година со 64 милиони посетители и туристички приходи од 65,2 милијарди долари. Бројките јасно покажуваат дека Турција не е само силна дестинација во туризмот, туку поседува и висок капацитет за управување со кризи. Ќе продолжиме по нашиот пат оваа година со истата решителност и искуството што го стекнавме“, истакна министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој.
Во првиот квартал од 2026 година, најмногу туристи имало од Германија, Руската Федерација и Бугарија, односно 678.000 германски посетители, 651.000 руски туристи и 539.000 посетители од Бугарија.
foto printskrin youtube
