Колку пари стигнаа како помош за Србија досега?
Вкупно 967.642.760 динари (нешто повеќе од осум милиони евра) биле уплатени на динарската сметка на Србија за санација на штетите од катастрофалните поплави до 18 часот вчера, објави српското Министерство за финансии. На девизната сметка, пак, се уплатени уште 872.785 евра, 184.725 американски долари, 13.835 швајцарски франци, околу еден милион руски рубљи и помали износи во други валути.
Ова е само „капка во морето“, затоа што деталната проценка ќе се прави допрва, но само директните штети од поплавите се проценуваат на стотици милиони евра.
Српското Министерство за финансии доби обврска секој ден да ја објавува состојбата на сметките за помош и санација на последиците од поплавите на својата интернет страница, како и детален приказ каде одат парите за да се спречи секоја можност за злоупотреба.
Парите што македонските граѓани ги донираа во хуманитарната акција за жртвите на катастрофалните поплави на Балканот ќе бидат префрлени на оваа сметка на 31 мај.
Слично
