Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку пари се потрошени за заштита на животната средина?

Колку пари се потрошени за заштита на животната средина?

За заштита на животната средина лани се потрошени 4 454 830 илјади денари.

Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Учеството на трошоците за заштита на животната  средина во БДП во 2015, којшто е 422 111 милиони денари, изнесува 1.06%.

Вкупните трошоци за заштита на животната средина, според еколошката намена, се распределени како што  следува: најголемо е учеството на трошоците за постапување со отпад (52.8%), потоа учеството на трошоците за заштита на воздухот (13.8%) и трошоците за циркулациски системи за снабдување со вода (11.9%).

Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 37.9%, а учеството на трошоците за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 62.1%.

Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 3 861 895 илјади денари, односно 86.7%.

Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 32.3% се наменети за инвестиции, а 67.7% се за одржување на средствата.

Од вкупните плаќања и надоместоци за извршени услуги за заштита на животната средина, најголемо е учеството на платените надоместоци за постапување со отпад, 85.0%.

Слично

Поврзани вести