Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку пари потроши државата за спрејови, беџови и мобилни телефони во функција на изборите?

Колку пари потроши државата за спрејови, беџови и мобилни телефони во функција на изборите?
Во постапки со преговарање без да објави оглас, Државната изборна комисија ги набави потребните  материјали за да ги спроведе локалните избори годинава. Печатењето на избирачките списоци, набавката на избирачкиот  и канцеларискиот материјал, изработката на беџови за идентификација на вработените од Државната изборна комисија ги чинеа ДИК околу 294.000 евра за организирање и одржување на Локалните избори годинава. Ова го покажуваат последните информации јавно објавени на Електронскиот систем за јавни набавки. Колку потроши ДИК за Локалните избори  2013?  Според информациите, сите овие набавки Државната изборна комисија ги направи во постапка со преговарање без објавување оглас. Анализата покажува дека набавката на канцеларискиот материјал (алкални батерии AAA, иглички за хефт- машинка, спојувалки, технички маркер жолт, папки ПВЦ со метален механизам, пликови, архивски кутии, селотејп, коректор, пенкала...) и тоалет хартијата и бришачите за раце ДИК и го довери на Книжарницата Малиот Принц од Скопје. Алфа Мобил од  Скопје пак, Комисијата ја избра за од неа да ги набави мобилните телефони. Друштвото за вработување на инвалидни лица, издавачка дејност, производство, трговија и услуги Винсент графика Жељко беше задолжено за изработка на беџовите за идентификација на вработените во ДИК. Печатницата Киро Дандаро од Битола пак, ја доби зделката за да го печати изборниот материјал. Ваквиот потег на ДИК беше оценет како контроверзен од страна на прилепската печатница 11 Октомври. “Незаконски е водена постапката за избор на економски оператор со најповолна понуда кој треба да го печати изборниот материјал за локалните избори. Хартијата за печатење на изборниот материјал е набавена пред почетокот на преговорите за предметот од јавна набавка. Очигледно е дека има повреда на темелните одредби од Законот за јавни набавки и тоа: слободна конкуренција меѓу операторите, нивна недискриминација, транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договорот за јавни набавки, и секако, рационално и ефикасно искористување на буџетските средства во самата постапка“, обвини на конференција за новинари Зоран Младенов, директор на прилепската печатница 11 Октомври, во март годинава. До сега Антикорупциската комисија не се изјаснила за овој случај. К.П.  
Слично

Поврзани вести