Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку пари побара Обвинителката Јанева за работа?

Колку пари побара Обвинителката Јанева за работа?

Пред три дена специјалната обвинителка Катица Јанева го објави планот според кој планира да работи.

Во персоналниот план Јанева има предложено тим од 14 обвинители со кои заедно треба да работи во истражување на кривични дела поврзани со прислушуваните разговори, и 124 вработени .

Првите резултати од работата на Обвинителката се очекуваат да бидат соопштени пред јавноста од 15 декември до 15 март. Во предвидениот период се очекува и понесување на првите обвиненија.

Она што пак ја заголицка јавноста е финансискиот план.

За работа од три месеци Јанева за работата на Обвинителство побарала буџет за работа од околу еден милион евра.

Според она што е објавено во извештајот Катица вели дека тие пари и се потребни нејзе и на нејзиниот тим за плати, истрага, за стручни и надворешни соработници, истражители, како и за  трошоци за патувања и истраги во странски земји, кои беа спомнати во неколку аудио снимки од објавените прислушувани разговори, бидејќи целата работа не може да се врши само од канцеларија.

Во извештајот уште се додава дека парите се проектирани како неопходни за Јавниот обвинител да ја изврши оваа, во моментот најодговорна функција во Република Македонија.

Кои се трите планови на Катица Јанева?

Која е Катица Јанева?

Катица Јанева, новиот специјхален јавен обвинител, која ќе биде задолжена за истражување на случаите „Пуч” и „Прислушување“, во моментов е јавен обвинител во Гевгелија. Потекнува од семејство на познат судија, кој бил и претседател на основниот суд во Гевгелија. Нејзиното именување е директен предлог на олеснувачите на преговорите. Учествувала на тренинзи и обуки и во академијата и на меѓународни семинари - Повеќе за неа може да прочитате тука.

Слично

Поврзани вести