Колку пари оставиле туристите во Албанија?
Туристите потрошиле 2,1 милијарди евра, a дијаспората 1,3 милијарди за шест месеци во Албанија.
Централната банка на Албанија обелодени дека во текот на првите шест месеци од годинава, државата била домаќин на повеќе од 4,7 милиони туристи. Тие реализирале трошоци од 2,1 милијарди евра, што претставува зголемување од 1,9 милијарди евра или 7,7 проценти во споредба со истиот период претходната година.
„Секој турист просечно потрошил по 440 евра наспроти 428 евра во истиот период лани, што значи 12 евра повеќе“, се наведува во соопштението.
Топ чанел истакнува дека се наметнува прашањето дали туристите платиле повеќе поради покачените цени или потрошиле малку повеќе пари во Албанија.
Според податоците, 3,98 милиони граѓани патувале надвор од земјата и потрошиле 1,3 милијарди евра, што во просек значи дека еден албански граѓанин потрошил 326 евра во странство.
foto Wikipedia/Jarosław Lichoń
