Колку пари нудат за вилата на СФРЈ во Њујорк?
Се нуди висока сума за вила на СФРЈ во Њујорк.
За познатата Бекманова куќа во Њујорк, вила која ја продаваат држави од поранешна Југославија стигнала досега најсериозната понуда, пишува белградски Блиц.
Потенцијалниот купувач нуди 50 милиони долари за вилата која поради огромното историско значење се наоѓа под заштита на државата и градот Њујорк.
Извор на весникот објаснува дека процесот на продажба на вилата во тој случај е сложен затоа што сите држави, Словенија, Србија, Хрватска, БиХ и Макеоднија мора да дадат согласност за да се почнат сериозни преговори.
Освен таа вила и пентхаус на Менхетн, држави од поранешна Југославија продаваат уште три недвижности. За објектот во Токио потребно е да се издвојат над 10 милиони евра, додека почетната цена за објектот во Берлин – 10,2 милиони евра. За недвижност во Бон поранешните држави од СФРЈ бараат најмалку милион евра.
