Koлку пари му требаат на четиричлено семејство за да го истурка месецот?
За 4-члено семејство основните животни трошоци се 531 евро.
Ова го покажуваат најновите податоци за минималната кошничка кои ги подготвува месечно Сојузот на синдикатите на Македонија, ССМ.
Во сумата за основните животни потреби на едно семејство вклучени се трошоците за храна, за сметки, за превоз и за здравје, при што најголем дел од семејниот буџет оди за храна и за сметки, 73,45 отсто.
Околу 70 отсто од вработените во Македонија земаат минимална плата од 12.507 денари (203 евра).
За исхрана и пијалаци се трошат 13.574 денари, домување 10.409 денари, за хигиена 2.306 денари, за превоз 2.408 денари, за облека и обувки 2.177 денари, за култура 1.070 денари и за одржување на здравје 706 денари. Од вкупните минимални трошоци од 32.710 денари, 23. 983 или 390 евра се само за исхрана и за сметки.
