Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку пари му носат на “Тетекс“ дивиденди и закуп на простор?

Колку пари му носат на “Тетекс“ дивиденди и закуп на простор?

„Тетекс“ за 9 месеци од закуп и дивиденди има приход поголем од еден милион евра. Приходот од основната дејност т.е. приходот од продажба му донел околу 2,4 милиони евра, а оперативната добивка е само 72.000 евра.
Нето добивката благодарејќи на додатните дејности за првите 9 месеци е околу 800.000 евра

Најголемата македонска текстилна компанија „Тетекс“ се повеќе заработува од дивиденди за своите финансии и од закуп на деловен простор, покажуваат официјалните податоци што ги објави таа компанија за првите девет месеци на интернет страницата на Македонската берза.

„Тетекс“ од закуп и од дивиденда оствари над еден милион евра!

„Тетекс“, синоним за македонскиот конфекциски квалитет, во првите девет месеци од дејноста приходувал 43,13 милиони денари. Од закуп на деловен простор во истиот период неговите приходи изнесуваат 26,7 милиони денари, а приходите од дивиденда изнесуваат околу 38 милиони денари. Математиката покажува дека „Тетекс“ од дејноста приходувал 43,13 милиони денари, а од закуп и од дивиденда има приходи кои изнесуваат 64,7 милиони денари односно повеќе од еден милион евра!
Финансиските приходи покажуваат дека „Тетекс“ во првите девет месеци годинава оствари приходи од 38,2 милиони денари. Од тоа дивидендата од ТТК Банка надминува половина милион евра односно 32,5 милиони денари. Уште 4,34 милиони денари дивиденда компанијата има од својата фирма ќерка „Петролгас ДОО“. Вкупно од дивиденди „Тетекс“ за првите девет месеци оствари приход од речиси 37 милиони денари.

Што покажува билансот на успех?

„Тетекс“ за првите девет месеци има оперативна добивка од 10,6 милиони денари и таа е на половина од добивката што компанијата ја оствари во истиот период лани.. Вкупните приходи од продажба изнесуваат околу 148 милиони денари и од нив на домашен пазар се реализирани 76,65 милиони денари, а од извоз на производи се инкасирани 71 милиони денари. Приходите од продажба бележат пад од 12 отсто во споредба со истиот период лани. Останатите оперативни приходи се на ниво од 25,8 милиони денари и се безмалку преполовени во споредба со истиот период лани. Сличен е соодносот на капитализираното сопствено производство кое изнесува 28,8 милиони денари. Оперативните расходи на компанијата бележат пад за 18 отсто и се на ниво од 185,1 милиони денари. Најголеми ставки на расходната страна се трошоците за суровини и материјали и трошоците за вработени. Трошокот за вработени изнесува 72,8 милиони денари и во однос на лани е понизок за 31 отсто. Трошокот за вработените е 70,2 милиони денари и во споредба со лани бележи пад од 3 отсто. Резултатите на „Тетекс“ покажуваат дека се намалува продуктивноста заради тоа што компанијата со истиот расход за вработени приходува значајно помалку од својата дејност. 

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести