Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку пари ќе потроши ММФ за земјите погодени од војната во Иран?

Колку пари ќе потроши ММФ за земјите погодени од војната во Иран?

Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) ќе додели до 50 милијарди долари за земјите погодени од војната на Блискиот Исток.

Кризата веројатно ќе има долгорочни економски последици. Ова го објави директорката на фондот, Кристалина Георгиева, објави АФП.

„Со оглед на широко распространетите ефекти од војните на Блискиот Исток, очекуваме краткорочната побарувачка за поддршка од ММФ за билансот на плаќања да порасне на помеѓу 20 и 50 милијарди долари, бидејќи долната граница ќе се оствари доколку се почитува примирјето“, рече Георгиева.

Директорката на ММФ додаде дека несигурноста во снабдувањето со храната, предизвикана од прекини во транспортот и синџирите на снабдување, ќе влијае на најмалку 45 милиони луѓе.

На 28 февруари годинава, САД и Израел го нападнаа Иран. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести