Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку пари ќе потроши град Скопје за набавка на шест хибридни возила?

Колку пари ќе потроши град Скопје за набавка на шест хибридни возила?

8.200.000,00 денари, со вклучен ДДВ е вкупната вредност на набавката која ја планира град Скопје за шест хибридни возила.

За оваа денеска информираа од градот од каде велат дека набавката е морална поради застарениот возен парк и недостигот на возила за навремено извршување на работните задачи на администрацијата .

„Поголем  дел од возилата кои се на располагање во возниот парк и секојдневно се користат по потреба за администрацијата на Градот се од типот еуро 4, се амортизирани од повеќегодишна експлоатација, дотраени и постојано се сервисираат“, посочуваат од Градот Скопје.

Градоначалникот Шилегов вели дека набавката на нови хибридни моторни возила ќе овозможи поефикасен, поекономичен и побезбеден превоз на вработените во администрацијата во Градот Скопје и на другите корисници на услугите на превоз.

„Овие возила ќе ги користат инспректорите, службите од урбанизам, животна средина, сообраќај и другите служби од Градот кои се на терен. Патничкото транспортно возило за превоз на девет патници ќе се користи за превоз на поголем број лица на администрацијата и на домашни и гости од странство при работни посети“, кажа Шилегов додавајќи дека споредено со потрошувачката на старите автомобили, што моментално ги користи градската администрација, најголемата предност на хибридните возила е тоа што емитуваат значително помалку ЦО2, што речиси воопшто не го загадуваат воздухот и се идентификувани како клучна технологија за намалување на идните емисии и потрошувачката на енергија во секторот за мобилност.

Слично

Поврзани вести