Колку пари ќе побара Турција од ЕУ за бегалците?
Турција ќе побара парична помош од ЕУ за бегалците.
Официјална Анкара ќе побара од Европската унија три милијарди евра за сместување на сириските бегалци кои живеат во Турција, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Тој прецизираше дека барањето ќе биде упатено на средбата во бугарскиот град, Варна следната недела.
Уште три милијарди евра треба да бидат одобрени во текот на март.
Ердоган на неколку пати ја уценуваше Европа дека ако не им исплатат пари или не добијат визи турските граѓани ќе ги пушти бегалците кон Европа.
Слично
