Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку пари ќе нѐ чини Катица Јанева?

Колку пари ќе нѐ чини Катица Јанева?

Собранието денеска го усвои предлог-буџетот за специјалното јавно обвинителство. Со релокација на средствата од Буџетот на Македонија,  специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим ќе добијат 4 милиони евра.

Донесувањето на буџетот за специјалното обвинителство предизвика жестока расправија во Собранието.

Двете најголеми политички партии во Македонија најпрво се судрија околу транспарентноста на специјалното обвинителство во трошењето на парите.

Пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ побара Катица Јанева да даде отчет за што ќе се трошат парите, додека опзицијата смета дека отчет треба да се бара од министерот за финансии кој го одобрил буџетот.

Од ВМРО-ДПМНЕ и забележаа на специјалната обвинителка дека не работи транспарентно и непристрасно. Според нив, специјалната јавна обвинителка „паднала“ на првиот испит кога побарала укинување на притворот за осомничените во „Пуч“.

Во одбрана на Јанева пак, застана СДСМ од каде оценија дека владејачката партија ја напаѓа специјалната обвинителка, оти се плаши дека, како што велат, ќе им бидат откриени криминалите на партиските функционери.

Слично

Поврзани вести