Колку пари изгуби светот од конфликтите лани?
Светот изгуби 13,5 трилиони долари поради конфликти во 2015 година, покажуваат податоците на Организацијата на обединети нации.
Светската заедница се лиши од околу 13,6 трилиони долари во 2015 година поради насилство и конфликти. Тоа е соодветно на повеќе од 1 800 долари на секој човек на земјата.
„Промените на климата, економските кризи и финансиските потреси, растечката нееднаквост и младинска невработеност, предизвикуваат конфликти и имаат големо влијание врз луѓето. Бројот на конфликтите расте. Дури и војните ако меѓу државите се помалку, во земјите се јавуваат внатрешни судири, во нив често се мешаат надворешни сили и недржавни субјекти " - рече Бан Ки Мун, генералниот секретар на ООН.
Само за 2015 година светската заедница дала 34 милијарди долари за мировни организации и хуманитарна помош за бегалци и луѓе повредени во конфликти.
