Колку пари изгуби Русија поради санкциите?
Вкупните губитоци на Русија настанати како резултат на воведувањето на геоплоитичките санкции изнесуваат 40 милијарди долари. Тоа го изјавил министерот за финансии на Русија Антон Силуанов, според кој Русија губи уште околу 90 до 100 милијарди долари годишно поради падот на цената на нафтата за 30%.
Аналитичарите на угледниот Развоен институт „Висока школа на економијата“ добиле поинакви податоци откако ги споредиле двете варијанти на последните базни прогнози на Банката на Русија. Едната предвидувала безо укинување на западните санкции во третиот квартал во 2015, а другата нивно траење со 2017. Разликата во прогнозираните суми на одлив на капиталот помеѓу тие две варијанти изнесува околу 170 милијарди долари за период од три години, т.е 57 милијарди долари годишно.
Финансиски губитоци
„Тешко е да се пресметаат економските губитоци предизвикани од санкциите. Моќе да се појде од тоа дека сумата на губиток е еднаква на разликата помеѓу одливот на капитал во 2014 и 2013. Во тој случај 40 милијарди долари е многу оптимистична сума, бидејќи одливот на капитал од Русија оваа година според проценките надмашиле 120 милијарди долари во споредба со 67 милијарди од минатата година“, изјавил за Руски весник шефот на катедрата за пазарни вредности и финансиски инжинер на Руската академија за народна економија и државна администрација Константин Коришченко.
Сепак, според неговите зборови, тешко е да одвојат ефектите на санкците од ефектите поврзани со преминувањето на слободен пад на рубљата. „Точната сума тешко може да се пресмета, затоа што е тешко да се даде материјална проценка на неизрамнети губитоци после забавувањето или замрзнувањето на заеднички проекти кои не се рамномерно погодени од санкциите“, се согласува водителот на одделот за аналитика на инвестициската фирма Русс-Инвест Димитриј Беденков.
Во Министерството за финансии во Русија притоа прогнозираат дека во однос на зачувувањето на состојбата со девизниот курс на рубљата и цените на нафтата на падот на приходите во буџетот за следната година ќе изнесува 500 милијарди рубљи (10,7 милијарди долари).
Според проценките на Министерството за финансии на РФ, буџетот би можело да биде во загуба за многу повеќе, поради ризикот од намалување на темпото на економски раст и намалување на увозот.
