Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку пари изгуби Германија поради пандемијата?

Колку пари изгуби Германија поради пандемијата?

Германската економија за две години oткако трае пандемијата изгуби 330 милијарди евра. 

Дека пандемијата толку го чинеше германскиот бруто домашен производ, објави Економскиот институт Ифо. Да не беше пандемијата, економијата ќе пораснеше за 1,3 отсто во 2020 и во 2021 година. Изгубените 330 милијарди евра одговараат на 10 отсто од БДП во 2019 година. Директорот на Ифо, Клеменс Фуест, ја нарече пандемијата „најлошата светска економска криза од Големата депресија во 30-те години“.

И Германија е една од земјите во еврозоната каде економијата забавува. Повеќе земји во светот се соочуваат со инфлација каква немало цели 30 години. 

Слично

Поврзани вести