Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку пари должат Грците на државата?

Колку пари должат Грците на државата?

Грчките граѓани на државата должат речиси 89 милијарди евра.

Финансиските аналитичари се плашат дека долговите до крајот на 2016 година може да пораснат и до 95 милијарди евра.

Висината на неисплатените долгови кон Управата за јавни приходи е еднаква на половина од грчкиот домашен бруто-производ.

Долговите се нагло зголемени од почетокот на кризата досега. Ако на крајот на 2009 година граѓаните должеле 30 милијарди евра, тој долг сега е зголемен за речиси 60 милијарди.

Според „Катимерини“, меѓу должниците се и јавните компании кои должат осум милијарди евра, долгот на банкротираните фирми е скоро 13 милијарди евра, 63 милијарди евра должат правни и физички лица и други.

Проценките се дека граѓаните и бизнисите поради финансиската криза и новите даноци сè помалку имаат заштеди и средства да ги плаќаат долговите и даноците навреме.

Како што се зголемуваат долговите и како што ќе почнат да се ззголемуваат новите даноци и да се појавуваат нови сметки за плаќање. Прогнозите се  дека така ќе продолжи и порастот на долговите кон државата.

Слично

Поврзани вести