Колку пари дневно трошеле Германците лани на одмор?
Германците трошеле по 130 евра дневно на летен одмор во 2025 година.
Германците минатата година трошеле просечно 130 евра дневно на нивниот главен одмор, што е за осум евра или шест проценти повеќе во однос на претходната година, според студијата на Фондацијата „Бритиш Американ“ со седиште во Хамбург.
Тој одмор ги чинел Германците во просек 1.636 евра, околу стотина повеќе отколку во 2024 година.
„Навистина е огромен скок“, рече Улрих Рајнхарт, научен директор на Фондацијата, презентирајќи го 42-то издание на нејзината туристичка анализа, пренесува ДПА.
Сепак, денот чинел многу различно по дестинација. Дневните трошоци за одмор во Германија скокнале за само пет евра, на 122, додека во странство скокнале за позначајни осум евра во просек, на 128.
Трошоците особено нагло се зголемиле во Грција, за 42 евра на 147, и во Шпанија, за 34 на 143 евра.
„Грција и Шпанија треба да бидат внимателни и да не претеруваат“, предупреди Рајнхарт.
Турција стана поевтина, па германските туристи со 108 евра дневно потрошија 16 евра помалку од претходната година, пренесува Biznis.rs.
Во Хрватска еден ден ги чинеше 97 евра, односно 28 евра помалку отколку во 2024 година.
foto freepik.com