Колку пари дневно губи Дубаи поради тоа што туристите ги нема?
Дубаи губи половина милијарда дневно, туристите ги нема.
Плажните клубови, луксузните ресторани и хотелите се празни, додека бројот на дојдовни летови на некогашниот најфреквентен меѓународен аеродром во светот драстично се намали, пишува „Дејли меил“, чиј репортер го видел тоа на лице место.
Градот, кој планираше да пречека рекордни 20 милиони туристи оваа година, сега бележи огромни загуби - се проценува дека губи до 450 милиони фунти дневно.
„Многу е тивко, повеќе немаме туристи. Единствените гости се жителите на ОАЕ кои доаѓаат за време на викендот“, вели шанкер од хотел, опишувајќи ја новата реалност на туристичкиот сектор.
Хотелите се затвораат, работниците ги губат своите работни места.
Голем број луксузни хотели се затворија во последните денови, вклучувајќи ги и некои од најпознатите во градот. Меѓу нив се „Сент Реџис“ на Палм Џумеира и хотелот „Армани“ во Бурџ Калифа, каде што ноќевањата чинеа повеќе од 600 фунти.
Затворањата доведоа до масовни отпуштања или испраќање работници на неплатен одмор. Дубаи трпи штети поради војната во Иран.foto printskrin youtube
