Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку пари чуваат граѓаните во банките?

Колку пари чуваат граѓаните во банките?

Во банките има скоро 5 милијарди евра, пари од граѓаните и  компаниите. 

Банкарскиот сектор е стабилен и има умерен пораст на депозитите, како и тенденција за нови поисплатливи кредити. Ова беше кажано денеска по повод светскиот Ден на штедењето.

Денарските депозити се околу 2,8 милијарди евра и од почетокот на годинава имаат пад од 1,4%, додека девизните депозити се околу две милијарди евра и бележат раст од 4,5 проценти. 

Намалувањето на денарските депозити банкарите го објаснуваат со априлскиот тренд, кога голем дел од граѓаните ги повлекоа денарите, стравувајќи од девалвација. Сепак додаваат дека постепено денарското штедење пак се зголемува.

„Вкупното умерено зголемување на депозитите во банките укажува на економско заживување“ - изјави Коста Митрески, претседател на Здружението на банкарство.

Арнаудова Стојановска од Народната банка на Република Македонија потенцираше дека штедењето е столб на сигурноста на банкарскиот сектор, кој е основата за повеќе од половина од активностите на банките, вклучувајќи го кредитирањето. 


Слично

Поврзани вести