Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку пари Берлин ќе и врати на Грција?

Колку пари Берлин ќе и врати на Грција?

Германскиот весник „Билд“ пишува дека Берлин е подготвен да и врати на Грција 416,7 милиони евра. 

Сумата е за  добивки од каматите за грчките обврзници кои ги има „Бундесбанк“ (Централна банка на Германија).

„Атина може да се надева на стотици милиони евра добивка од камати на грчките обврзници, кои ги има Централна банка на Германија, но затоа неопходно е „зелено светло“ од германскиот Парламент, како и успешно завршување на третата консолидациска програма за Грција“ - објави „Билд“.

Весникот тврди дека сумата е предвидена во буџетот на Германија за 2017 година. Враќањето на тие средства треба да биде одобрено од Бундестагот.

Слично

Поврзани вести