“КОЛКУ ОВЦИ ИМА АРГЕНТИНА?!”: Измалтретирани ученици, уморни професори!
Екстерното тестирање ги умори учениците, но и професорите. Велат надлежните сакаат по секоја цена да го протуркаат “големиот проект”, без притоа да разберат дека работата на професорот не е само да едуцира и испрашува, туку и да воспитува. Па така, на самиот крај на учебната година кога треба да се завршат последните редовни тестови за стотици ученици, во дневникот да се стават крајните годишни оценки, да се завршат административните обврски и е-дневникот, а некои од наставниците треба да се подготват и за разделба со своите одделенија - на просветните работници над глава им стојат обврските од екстерното тестирање, инспекциите и можните казни доколку имаат отстапки во оценките. А учениците од друга страна, треба да учат “Колку овци има Аргентина?!”
Ова-реагираат професорите е премногу!
“Преоптоварени сме со тековни обврски, на пример како професор на 350 ученици, со финиширање и спуштање на крајните годишни оценки, но она што ме исцрпува е што морам да бидам и администратор на екстерното, кое се спроведува веќе шест дена. Надлежните кои го наметна екстерното како “голем проект” на МОН, предвиделе дека наставникот администратор треба сам да поставува мрежа, да поправа расипани компјутери и истата тековно да ја одржува во време на екстерното тестирање, а не предвиделе дека постојат мноштво проблеми од стари и уништени куќишта, терминали, лоши кабли и конектори како и расипани РАМ мемории. ЗА сето тоа е потребно многу работа за која немам ни денар финансиска наград, а одговорноста е преголема бидејќи 900 ученици полагаат два испити, значи 1800 ученици полагаат на 110 компјутери. Ова е реалната слика за едно од низата протисоци и оптоварувања за професорите кои потоа може да бидат казнети на истото екстерно доколку имаат отстапување во оценките. На небулозите им нема крај” -вели професорката Жаклина Прекиќ од Наставничкиот пленум.
Нелогични прашања-нелогични одговори-факторграфска меморија!
И покрај многуте приговори за неисправноста на прашањата, според Наставничкиот пленум и оваа година имаше, како од технички така и од содржински аспект повеќе неправилности. Дел од прашањата кои сами по себе се нелогични и контрадикторни, објаснуваат од Пленумот, се однесуваат на пример за 9-то одд. од предметот граѓанско образование околу власта и моќта што насочува на сервилност, а не кон стекнување на демократски вредности, потоа велат има прашања поставени на албански јазик, а понудените одговори на македонски јазик, прaшaњa сo пoнудени некoлку или сите тoчни oдгoвoри, прaшaњa без ниту еден пoнуден тoчен oдгoвoр, oдбрaни прaшaњa кoи се мaргинaлни зa мaтеријaлoт штo се изучувa, или ги немa вo препoрaчaните учебници oд Бирото за развој на образование.
“Веќе во многу наврати посочувавме дека концептот на екстерното тестирање е комплетно промашен. Учениците фактографски ги учат и одговараат на прашањата. Одговорот на 30 прашања неможе да го замени континуираното следење на постигањата на учениците, а да не зборуваме за воспитната функција. Целокупното образование, а во склоп со тоа и екстерното оценување мора да претрпи сериозни реформи. Прво мора да се има предвид дека овие сегашни ученици ќе се вработуваат после многу години, пет, десет и повеќе. Значи неможе „од ракав” да се прават реформи. Тие мора да се темелат на сериозни анализи. Ова е многу комплексна работа при што мора да се реформираат наставните планови и програми, методи и форми на работа образовната технологија, инфраструктурата. Ако вака продолжиме повторно ќе имаме состојба учениците да мораат да учат фактографски од типот колку овци има Аргентина, а не да поседуваат соодветни знаења, вештини и ставови со кои ќе излезат на берзата на трудот”-вели професорот Блaгoјче Ѓoрчевски од Нaстaвничкиот пленум.
Казни за наставниците од резултатите на екстерното -можна радикализација!
По најновите измени во Законот за основно и средно образование кои според професорите се сведоа на „шминка“, екстерното оценување велат, остана единствен критериум и служи исклучиво за казнување на наставниците со предвиденото 15% намалување на плата, кoе денoвиве пoвтoрнo стaнувa aктуелнa темa сo најавата за влегувaњетo нa измените нa Зaкoнoт зa oснoвнo и среднo oбрaзoвaние вo сoбрaнискa прoцедурa. Според професорите ова е показател дека на надлежните воопшто не им е важно со какво знаење, умеење и вештини ученците ќе излезат од образовните установи. Затоа од Наставничкиот пленум размислуваат да ги радикализираат активностите против несоодветниот третман на сите заинтересирани во воспитно-образовниот процес. Поради интересот за учениците, формите и начините, велат ќе бидат дополнително договорени, но порачуваат – одлуките ќе бидат остри и децидни.
Слично
