Колку острови продала Хрватска за 14 години?
Иако пред десетина години се сметаше дека продавањето на острови е срамна и катастрофална распродажба, сепак за 14 години Хрватска продала 5 острови.
Меѓу првите продадени е островот Смоквица во 2002 година за 9 милиони куни или 1.1 милиони евра.
Во 2000 година продадени се острови на рускиот тајкун Владимир Јевтушенко. Во 2005 година островот Јакљан е продаден на Горан Штрок за 6 милони евра, а со приватизација на хотелот Екселсиор од Дубровник, купувачот доби и остров и залив воедно.
Хрватските медиуми пренесуваат дека нема многу острови за продавање.
На хрватската страна на Јадранот има помали и поголеми 1.244 острови, од кои 65 се населени, а 85 проценти се во сопственост на државата и не се продаваат.
Сите острови не се подеднакво атрактивни и затоа цените за квадрат се од 11 до 70 евра.
