Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЛКУ ОПШТИНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПАРИ: Со кредит од Светска банка ќе се гради „Македонија без кал“

КОЛКУ ОПШТИНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПАРИ: Со кредит од Светска банка ќе се гради „Македонија без кал“

Сума од 70 милиони евра ќе добијат осумдесет општини меѓу кои е и град Скопје за изградба и санација на скоро 450 км локални патишта и улици.

Ова денеска се најави со ставањето потпис на меморандумот потпишан од страна на министерот Сугарески и градоначалниците.

Како што беше кажано парите се обезбедени со кредит од Светска банка и во моментов се чека првиот тендер да биде „аминуван“ од страна на банката.

Секоја општина ќе добие различна сума средства, а тоа ќе биде утврдено од бројот на население, површина , моторни возила, но приближно на располагање општините ќе имаат 500 до 2 милиони евра.

Слично

Поврзани вести