Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку од Бугарите живеат под прагот на сиромаштија?

Колку од Бугарите живеат под прагот на сиромаштија?

Околу 22% од Бугарите живеат под прагот на сиромаштија, објави Националниот статистички институт.

Истражувањето на приходите и условите за живот покажува дека во 2015 година скоро 1 585 800 Бугари живееле со помалку 325 лева месечно. 

Година пред тоа уделот на најсиромашните Бугари бил 21,8%, а линијата на сиромаштија била 323 лева.

Невработеноста и ниските пензии придонесуваат за сиромаштија, покажуваат податоците на НСИ. 53,3% од луѓето кои живеат под линијата на сиромаштија, се невработени, 30% - пензионери. 29,1% се економски неактивни - главно деца на сиромашни родители. 

Уделот на сиромашните меѓу вработените Бугари е 7,7%. 

Кај работниците со скратено работно време ризикот да западнат во сиромаштија е повеќе од 4 пати поголем од оној кај вработените со полно работно време. Само 2% од вработените сиромашни се со високо образование, покажуваат податоците на статистиката.


Слично

Поврзани вести