Колку невработени има во Германија?
Се намалил бројот на невработени во Германија.
Бројот на луѓе кои се без работа достигна најниско ниво од 1991 година, а стапката на невработеност се сведе на 5,1 отсто. Ова го соопшти денеска Сојузната агенција за вработување во Нирнберг.
За разлика од февруари, во март се евидентирани 72.000 невработени лица помалку, а во споредба со март лани во Германија има 157.000 помалку невработени.
Бројот на вработени со полно работно време пораснал за повеќе од 660.000 во споредба со лани.
Намален е и бројот на луѓе кои не работат, но поради мерките како што е преквалификација, тие не влегуваат во статистиката на невработените.
Најмногу слободни работни места има во секторите за градежништво, јавна администрација, малопродажба и здравство.
Искоренување на невработеноста во Германија е приоритет во изборните платформи на партиите.
Канцеларката Ангела Меркел во предизборни кампањи ветуваше дека целосно ќе ја искорени невработеноста.